На денот на споменот на светиот Јован Златоуст се прослави манастирската слава на манастирот Св. „Јован Златоуст“ во с. Нижеполе и именденот на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован.
На Литургијата началствуваше Митрополитот захумско – херцеговски и приморски г. Димитриј кој произнесе празнична беседа. Нему му сослужуваа Епископот делчевски и каменички г. Марко и Митрополитот домаќин, крушевскиот и демирхисарски г. Јован.
По Литургијата беше осветено празничното коливо. На бдението пееја сестрите од манастирот „Св. вмч. Георгиј“ од Рајчица.