Интронизација 2023 - Слика 4

Интронизација на Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован

  На 03.09.2023 година,  во Тринаесеттата Недела по Педесетница, се изврши интроницајата на Неговото Високопреосвештенство Митроплитот г. Јован на тронот на новоформираната Света Митрополија крушевска и демирхисарска. На светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Никола“, во Крушево началствуваше Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а му сослужуваа Високопреосвештените Митрополити: Преспанско-пелагонски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Црногорско-приморски г. Јоаникиј и Кумановско-осоговски г. Григориј и Преосветените епископи: Врањски г. Пахомиј, Дељадровско-илинденски г. Јоаким, Делчевско-каменички г. Марко, Хераклејски г. Климент, Дремвитски г. Давид и Стобиски г. Јаков.

  На ова големо и свето тајновотство учествиваше многуброен, а прусутна беше и Нејзината екселенција, Амбасадорката на Република Србија во Република Северна Македонија, г-ѓа Невена Јовановиќ, како и градоначалникот на општина Крушево, г. Томе Христоски.

  На крајот од Светата Литургија, Митрополитот Преспанско-пелагонски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар го изврши чинот на востоличување на Митрополитот Крушевски и демирхисарски г. Јован, по што и двајцата Архиереи се обратија со пригодни беседи кон насобраниот верен народ.

  Оваа голема духовна и торжествена прослава изобилува со благодат бидејќи во соборниот храм „Свети Никола“ во Крушево врз верните се излеа благословот Божји преку молитвите на многубројните Митрополити и Епископи и бројното свештенство, нешто што досега не се случило во овој планински бисер од град кој по втор пат станува седиште и митрополитски град на нова епархија. Сите Митрополите и Епископи кои што служеа на оваа Божествена Литургија се потпишаа во престолното Евангелие во олтарот на храмот „Свети Никола“, за сведоштво на идните генерации и приказ на заедница на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.

  Од името на свештенослужителите и народот Божји на Митрополијата крушевска и демирхисарска на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Јован му ја честитаме неговата интронизација во Митрополит Крушевски и демирхисарски и Го молиме Бога во мир, цел, чесен, здрав, долгоденствен, правилно да управува со словото на Неговата вистина.

Scroll to Top