Прослава на именденот на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован и славата на манастирот „Св. Јован Златоуст“ во с. Нижеполе

Празникот на светиот Јован Златоуст, кој е именден на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а воедно и слава на манастирот „Св. Јован Златоуст“ во с. Нижеполе, беше торжествено прославен со сеноќно бдение.

На бдението началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот кумановско – осоговски г. Григориј, во молитвено присуство на Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, и Преосвештените Епископи: делчевско-каменички г. Марко и дремвитски г. Давид.

На светата Архиерејска Литургија началствуваше Неговото Висопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, а после прочитаното Евангелие, на верниот народ му се обрати Митрополитот кумановско – осоговски г. Григориј.

На крајот на богослужбата, Митрополитот Јован им се заблагодари на сите кои дојдоа литургиски да го прослават неговиот именден и славата на манастирот Св. Јован Златоуст, по што за сите присутни беше поставено послужување.

Со двата хора раководеа певците од хорот Мојсеј Петровиќ од Белград.

Видеа

Scroll to Top