Соборната црква во Крушево посветена на Св. Николај Мирликијскиот чудотворец го прослави својот патрон. На славата на црквата беа поканети да сослужуваат на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, Епископот дремвитски г. Давид и Епископот антаниски г. Партениј, кој од здравствени причини беше спречен да дојде. Неговата подготвена пригодна беседа ја прочита архимандритот Кирил од Бигорскиот манастир. На малиот вход, Митрополитот крушевски и демирхисарски го произведе во чин протоеререј старешината на соборниот храм Св. Никола во Крушево, ерејот Тони Кузмановски. Во текот на Литургија беа осветени новите антиминси за Епархијата крушевска и демирхисарска. На крајот пак, Епископот дремвитски г. Давид го подигна славскиот колач како на Митрополитот Јован кој денес ја слави својата слава, така и колачот на храмот. Службата ја разубавија псалтите кои за славата на соборната црква дојдоа од Кичево.