Во неделата на Отците, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, служеше и проповедаше во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Крушево. Протоерејот Крсте Тасески, досегашниот настојател на споменатиот храм, беше испратен од многу верници на нова должност во друга Епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.