На празникот Рождество Христово, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован служеше во храмот Св. Никола во Крушево. На Литургијата беше прочитано и Божикното послание од Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. На крајот од Литургијата Митрополитот му ја објасни на народот крушевската традиција зошто за Божик и Богојавление се служи порано отколку што е тоа вообичаено во другите денови преку годината.