За Нова Година, Митрополитот крушевски и демирхисарски служеше во манастирот „Св. Јован Златоуст“ во с. Нижеполе

  На празникот „Обрезание Господово“, на денот на споменот на Св. Василиј Велики и на денот на Новата Година, Митрополитот крушевски и демирхисарски служеше и проповедаше во манастирот „Св. Јован Златоуст“ во с. Нижеполе. По Литургијата беше отслужена Доксологија за почетокот на Новата Година, а во продолжение, во архондарикито беше пресечена и василопитата со паричка.

Scroll to Top