На покана на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски, за празникот „Илинден“, гостуваа во катедралната црква „Св. Никола“ во Крушево, Митрополитите: брегалнички г. Иларион кој началствуваше на Литургијата и тетовско-гостиварскиот г. Јосиф, кој проповедаше по Евангелието. По Литургијата беше отслужен помен за паднатите борци во Илинденското востание, на кој присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија проф. др. Христијан Мицковски.