Во неделата по празникот на светите Седмочисленици, низ крушевските улици помина литија со светите мошти на Св. Климент Охридски, која ја предводеше Епископот делчевски и каменички г. Марко. По пристигањето на светите мошти во соборниот храм „Св. Никола“ во Крушево и поклонувањето пред нив, пригодна беседа одржа Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован.