На Вечерната на празникот „Преображение Господово“, во истоимениот манастир во Крушево, кој е митрополитска резиденција, а на покана на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, Епископот дремвитски г. Давид. На Вечерната богослужба со пригодно слово се обрати Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован. Покрај едната певница на која пееја псалтите од Крушево, на другата певница псалаа певците од хорот „Свети цар Давид“ од Софија, Р. Бугарија кои како псалти беа гости токму за празникот.