На „Преображение Господово“, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Крушевски и демирхисарски г. Јован, началствуваше на Литургијата во манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, во сослужение на Епископот дремвитски г. Давид, кој произнесе празнична беседа. На Литургијата псалташе хорот „Свети цар Давид“ од Софија, Р. Бугарија. По Литургијата, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован ги прими богослужбените книги, дар за манастирот „Свето Преображение Господово“ од Бугарската Православна Црква, кои ги предаде професорот на Софискиот Универзитет г-дин Павел Павлов. После отпустот на Божествената Литургија, Митрополитот крушевски и демирхисарски подели благодарници, на оние кои допринеле за подигање на манастирот „Свето Преображение Господово“ во Крушево, на некои за време на живот, а на некои посмртно.
Во дворот на манастирот беше осветена вода, направена литија околу манастирскиот храм, а потоа беше прочитана молитва над принесеното грозје.