Во 19-тата недела по Педесетница, на покана на Неговото Преосвештенство, Епископот делчевски и каменички г. Марко, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован, началствуваше на Литургијата и проповедаше во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица, а во попладневните часови одржа предавање на тема: „Верата во Христа е спасоносна, а суеверието е погибел” во домот на културата во Македонска Каменица.