Отсекување на главата на Св. Јован Претеча и Крстител

  На денот на споменот на отсекувањето на главата на Св. Јован Претеча и Крстител, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован служеше и проповедаше во храмот „Рождество на Св. Јован Претеча и Крстител“ во Крушево. По Литургијата им додели благодарници на: г. д-р Зоран Богески од Крушево, за ревитализација на музејски поставки во храмот „Рождество на свети Јован Крстител“ во Крушево и г. Перо Нане и г-ѓа Флорика Нане од Крушево, за нивниот придонес во одржувањето на функционалноста на храмот „Рождество на свети Јован Крстител“ во Крушево.

Scroll to Top