Во пасхалниот Понеделник со кој оваа година се совпадна и прославувањето на Св. вмч. Георгиј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован служеше во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во с. Бучин. Во склоп на богослужбата беше прочитана овогодишната Пасхална порака од Митрополитот крушевски и демирхисарски.