„Слобода во затворот“

  Покрај првото издание на книгата „Слобода во затворот“ која Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован ја напиша при првото и второто затворање во затворот Идризово, во 2015 година излезе и второто дополнето издание на српски јазик. Превод на првото издание на руски јазик, излезе во 2012 година во издание на Даниловиот манастир во Москва, а превод на второто дополнето издание на руски јазик излезе во оваа 2024 година. На грчки јазик преведено и издадено е само второто дополнето издание и тоа од светогорскиот манастир „Ватопед“ во 2020 година. Во прилог се сите фотографии на насловите на кориците на книгата „Слобода во затворот“ преведена и објавена на повеќе јазици во многубројни тиражи.

Scroll to Top