Во неделата на самарјанката и во денот кога се слави светиот маченик Талалеј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот крушевски и демирхисарски г. Јован служеше и проповедаше во храмот „Св. Никола“ во с. Врбјани. По завршувањето на Литургијата ги пофали селаните дека и покрај полските работи кои ги имаат ја беа наполниле црквата и им рече дека барем еден од семејството да доаѓа во Црква кога се служи Литургија, а другите членови од семејството може да ги бркаат полските работи.